Права на користење
1. Вовед
Овие услови и одредби го дефинираат вашето користење на нашата страница. Со тоа што вие ја користите нашата страница, вие ги прифаќате овие услови и одредби во целост. Ако не се сложувате со било кој дел од овие услови и одредби, ве молиме да не ја користите нашата страница.
2. Интелектуална сопственост
Освен ако е посебно нагласено спротивното, ние ги поседуваме правата на интелектуална сопственост на оваа страница и материјалот на неа. Соодветствено со тоа, сите авторски права се заштитени.
3.Лиценца
Вие имате право да ја разгледувате, спуштате (download cache) или печатите дел од оваа страница само за ваша лична употреба, притоа во границите на долунаведените правила.
Вие не смеете:
- Да ја ре-издавате содржината на оваа страница (вклучувајќи ре-издание на други страници);
- Да продавате, издавате или нудите лиценци за содржината на оваа страница;
- Да ја репродуцирате, дуплицирате, копирате или експлоатирате содржината на нашата страница за комерцијални цели;
- Да ја уредувате или менувате содржината на страницата; или
- Да ја дистрибутирате содржината на страницата (освен за материјал за кој е специфично нагласено дека е дозволено - како новости и слично).
4. Ограничувања на одговорност
Информациите на оваа страница се бесплатни. Вие се согласувате дека би било нелогичнo да не сметате за одговорни за информациите на оваа страница.
Иако ние напорно работиме информациите на страницата да бидат точни, ние не можеме да ја гарантираме комплетноста и точноста на тие податоци, ниту гарантираме дека ќе овозможиме страницата или нејзината содржина да остане достапна и во тек со моменталната ситуација.
Нашата одговорност е ограничена со рамките на актуелните закони. Ние нема да бидеме одговорни при директна или индиректна загуба или штета причинета при непочитување на овие услови и одредби во врска со нашата страница.
Сепак, овие правила нема да ја исклучат нашата одговорност при измама, смрт или повреда причинета од наше невнимание или било која друга одговорност осудена со закон.
5. Ограничен пристап
Пристапот до одредени зони на нашата страница е забранет. Ние го зачувуваме правото да забраниме пристап до други зони или дури и на целата страница, во зависност од нашите одлуки.
Ако ви доделиме кориснички налог и лозинка за да ви дозволиме пристап до забранетите зони на нашата страница или друга содржина, вие мора да се погрижите тој налог да остане доверлив. Вие прифаќате одговорност за сите активности кои се поврзани со тој налог.
Ние имаме право да го онеспособиме тој налог ако ги прекршите условите и одредбите на нашата страница или било каква друга спогодбена обврска која ја имате кон нас.
6. Огласи, chat room, коментари
Не смеете да ја користите нашата страница ако:
- Притоа предизвикувате (или може да предизвикате) штета или недостапност на страницата;
- Ја користите за активности кои се (поврзани) или можат да бидат незаконски, штетни или злонамерни;
- Изведувате било каков маркетинг без претходна согласност од наша страна;
- Копирате, објавувате или испраќате масовна електронска пошта или спам;
- Копирате, објавувате или испраќате материјал кој е против-законски или материјал кој може да ни нанесе тужба спрема законските мерки. Целиот материјал кој го копирате, објавувате или испраќате преку нашата страница не смее да биде навредлив, вулгарен, непристоен, полн со омраза, дискриминирачки, да прекршува авторски права, да повредува нечија приватност или да поттикнува било каков злочин.
Ние го зачувуваме правото да ја измениме или отстраниме било која содржина објавена на нашата страница.
Доколку сметаме дека се работи за објавување на непристоен материјал или непристојно однесување, ќе преземеме чекори кои вклучуваат суспендирање или бришење на вашиот налог, забрана на пристап на нашата страница или преземање на легална постапка против вас.
Во однос на материјалот кој го објавувате на нашата страница, ни давате неотповикливо право да го користиме, репродуцираме, адаптираме, објавуваме, преведуваме и дистрибуираме истиот.
7. Промена
Постои можност да ги ревидираме овие услови и одредби при нова верзија на страницата. Ве молиме да ја посетувате оваа страница за да бидете во тек со моменталната верзија.
8. Целосен договор
Овие услови и одредби (заедно со полисата за приватност) го дефинираат целосниот договор меѓу вас и нас во врска со користењето на нашата страница и се единствено важечки независно од претходните договори.
9. Закон и надлежност
Овие услови и одредби се под надлежност и конструирани по нормативите на законите во Р. Македонија. Било каков спор во врска со овие услови и одредби ќе биде под надлежност на судовите на Р. Македонија.
10. Контакт
Името на нашата фирма е Артхаус. Регистрирани сме на http://arthaus.com.mk
Можете да не контактирате преку contact@arthaus.com.mk